Две години од пожарот во модуларната болница во Тетово. Трагедија која ја потресе целата јавност и ги зави во црно семејствата на 14 лица, 12 пациенти кои се лекуваа од ковид 19 и две лица кои беа во придружба на болните.

Вечерта на 8 септември 2021 година, додека медицинскиот персонал вршел реанимација на пациент, избувнал пожарот кој што не можеле да го изгаснат затоа што се жирел многу брзо, па дел од присутните успеале да се спасат излегувајќи преку прозорците. Токму овој страотен момент го раскажуваа и сведоците кои беа повикани во судскиот процес кој се водеше во тетовскиот суд, заедно со вештаци, во кој обвинението не беше за причините за пожарот, туку затоа што немало противпожарни апарати во објектот.

Во овој предмет условни казни од 18 месеци добија поранешните директори на Клиничката болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, правното лице доби парична казна, додека докторот Бобан Вучевски беше ослободен од обнивението.

По добрен глас и Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предмет за да ги проверат јавните набавки за изградба на модуларните болници во државата, но детали до каде е истрагата не се споделуваат за јавноста.

Според семејствата на загинатите во пожарот во целокупниот случај правдата не е задоволена.