Вчера во 11:18 часот во СВР Куманово, триесет и петгодишната Ј.И. од Куманово пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од дваесет и двегодишната Л. А.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово. На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти СВР Куманово.

Надлежните од Центарот за социјални работи Куманово информираат дека тепачката се случила надвор од просториите на установата.