Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за прашања на изборите и именувањата.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог законот за дополнување на Законот за минерални суровини во прво читање и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во прва фаза.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува расправата по предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители.