ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(28) и С.М.(24), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

При претрес врз Ф.М. а потоа и при претрес во неговиот дом и во домот на С.М., извршен на 12.09.2022 со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.