Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 15.12.2021 во 13.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на с.Габреш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.К.(57) од Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(34) од Куманово, информира МВР.