Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.11.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци. На автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија.