Две неексплодирани артилериски гранати пронајдени кај делчевското село Габрово. Првата граната е пронајдена околу 9:00 часот од страна на екипи на фирмата „Макс Инжинеринг“ кои работат на поставување на водоводната мрежа, а по извршениот увид од екипа на крим-техника од делчевската полиција, околу 10:30 часот пронајдена е и втората граната.
-Пред два часа видов дека има железен предмет кој наликуваше на капсула, го извадовме полека и пријавивме до надлежните, за да ножеме да работиме, истакна Моне Тодоровски, работник во ангажираната фирма за ископ на околните шахти.
Тој вели дека и порано има пронаоѓано вакви гранати.
-Ова е трет пат како наоѓам вакво нешто. Како деца има м принајдено една со дрвена рачка исто и таа не беше експлодирана, исто така на старото пазариште имам најдено тркалезна германска граната, додава Тодоровски.
Од страна на увидната екипа извршено е мерење на обемот и волуменот на гранатите, а местото каде се пронајдени се обезбедени.
Апелот до жителите на Габрово е да внимаваат при движење на местото каде се пронајдени истите, а повеќе детали од полицијата за потеклото на гранатите најавија за наредниот период.