Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 529 тестови, регистрирани се 56 нови случаи на КОВИД-10, од кои девет се реинфекции, а оздравени се 69 пациенти, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи 36 се од Скопје, четири од Куманово, по тројца од Прилеп и Охрид, двајца од Битола и по еден случај во Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод.
Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16 до 25 септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432