Во холандскиот град Арнем во текот на ноќта се случиле две експлозии во трговски центар, а повредени нема, соопшти полицијата.

Утрово, околу 3.45 часот по локално време, полицијата добила пријави за силна експлозија, се наведува во соопштението.

Една од експлозиите се случила во ресторан, каде што вчера бил пронајден сомнителен пакет и по налог на градските власти бил затворен. Според извештаите, тој пакет бил отстранет, а неговата содржина не е позната.

Полицијата соопшти дека истражува поврзаност меѓу двата случаја. Приближно во исто време се случила експлозија во соседната зграда. Според полицијата, нема повредени и се врши увид.

Еден од овие два објекта веќе доби предупредување од градските власти во 2021 година за загрозување на безбедноста на локалните жители.

Во 2020 година таму имало тепачка и пожар.