Министерството за внатрешни работи информира дека 28-годишна жителка на Скопје пријавила физички напад врз нејзината малолетна ќерка од две врснички, кои им се познати. Настанот се случил вчера, околу пладне, на подрачјето на Чаир.

Трето малолетно девојче, кое било присутно, со мобилен телефон го снимало нападот.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.