Вчера во 14 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Маврови Анови – Гостивар, во близина на Мавровската крстосница, патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарскиознаки управувано од Ј.Ј.(64) од гостиварско Беловиште, излетало од коловоз.
Во несреќата, сопатничката Б.Ј.(65) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Е.Н.(66) од гостиварско Здуње со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.