Во казино на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје вчера во 16:30 часот било пријавено дека по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 42-годишната Г.Т. од Кавадарци и 23-годишната Т.Т. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.
Скопјанка (30) која е со привремен престој во Струга во полиција пријавила дека околу во влез од зграда во Струга била физички нападната од Г.М. од Струга (женско лице).
Се работи на расчистување на случајот.