Две соседни згради се урнаа во францускиот град Лил, пренесоа светските агенции. Засега нема информации за жртви.

Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.

Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.

Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.

Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.