Двегодишно девојче спасено од урнатините

Д
Свет 11.02.2023. 17:08

Чудо во Хатај. Двегодишната Алије Дагли е спасена од урнатините на зграда во Хатај шест дена по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните провинции на Турција, јавува Анадолија.

Спасувачите го извадиле бебето во раце и го предале на медицинските екипи кои и помогнале.

Во моментов бројни спасувачки екипи се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Досега во разорните земјотреси загинаа повеќе од 25.000 луѓе.


Подкаст

Подкаст