Путин незадоволен од форумот
Целта на форумот е да се постават темелите за патот кон мирот кој на крајот би можел да ја вклучи Москва, но рускиот претседател Владимир Путин го осуди самитот како „трик за одвлекување на вниманието“.
Тој рече дека Москва, која ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, ќе го прекине огнот и ќе започне „веднаш“ мировни преговори доколку Киев ги повлече своите трупи од истокот и југот на земјата и се откаже од својата кандидатура за членство во НАТО. Ова значи барање да се признае нејзината окупација на украинските земји и да се легализира нејзиниот криминал.
Сиљановска – Давкова во Швајцарија на Самитот за мир во Украина
Зеленски со осуда до Путин
Зеленски ги осуди барањата на Путин како територијален „ултиматум“ кој потсетува на Адолф Хитлер. НАТО и САД, исто така, веднаш ги отфрлија неговите услови.
По речиси една година ќор-сокак, Украина беше принудена да напушти десетици населби на линијата на фронтот оваа пролет, бидејќи руските трупи имаа значителна предност во работната сила и ресурсите. Од средината на мај, рускиот напредок е забавен, а Зеленски се надева дека дополнително ќе го промени темпото по самитот на Г7 оваа недела и мировниот состанок.
Нов заемза Украина
Самитот на Г7 во Италија, на кој присуствуваше Зеленски, предложи нов заем од 50 милијарди долари за Украина, користејќи го профитот од камата на замрзнатите руски средства.
Лидерите на Групата седум богати демократии рекоа дека ќе ја поддржуваат Украина „се додека е потребно“.
„Одбана и реконструкција“ на Укрина
Зеленски рече дека новиот заем ќе биде „и за одбрана и за реконструкција“, додека Путин го осуди потегот како „кражба“ и предупреди дека „нема да остане неказнето“.
Во меѓувреме, Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден потпишаа историски 10-годишен безбедносен договор според кој Соединетите Држави ќе ѝ дадат воена помош и обука на Украина. Зеленски го нарече договорот „мост за влез во НАТО“, објави АФ.
Од американската администрација во Швајцарија ќе биде потпретседателката Камала Харис.