Адвокатот Јанаки Митровски реагираше откако Основниот кривичен суд го прифати предлогот на ОЈО Скопје и на одбраната, со што поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе оди во куќен притвор. Според него има двојни аршини во судството.

„Поради објективни причини не можам да го коментирам куќниот притвор за Груби. Но едно ќе кажам, и нека читаат од ОЈО Скопје, ОЈО ГОК и одделение за претходна постапка во суд“, напиша Митровски.

Тој најави дека во иднина ќе има поинаков пристап кога ќе се бара притвор за лица кои ги застапува.

„Следен пат кога за обичниве маченици кои ги застапуваме ќе се бара притвор, особено на неосудувани, или нема да се прифаќа гаранција, нема да бидам препознатливо борбен. Има да грижам“, наведува Митровски.

Во продолжение, адвокатот реагира и на, како што посочува, различниот третман пред институциите.

„Абе гол ќе се соблакам и нема да тренирате строгост на обични смртници кога на оние кои ја покрадоа државава пеперевка им играте“, стои во неговата објава, проследена со хаштагот „ДвојниАршини“.