Двојни стандарди на АЕК: Критика кон грчката полиција, осуда за македонската
Во август 2023 година, по трагичниот инцидент во Атина, АЕК жестоко ја критикуваше грчката полиција затоа што дозволила околу 150 навивачи на Динамо Загреб да влезат во Грција и да се движат низ целата земја без билети за натпреварот. Инцидентот кулминираше со убиство на 29-годишен навивач на АЕК, што предизвика бурни реакции и постави прашања за безбедносните пропусти.
Извршниот директор на клубот, Јоргос Космас, тогаш изјави дека одговорноста е целосно кај хрватските навивачи и грчката полиција. Тој го нарече конвојот “непожелен и опасен”. Најголем дел од хрватските навивачи воопшто немале билети за натпреварот, но биле пуштени во земјата, што се сметаше за сериозен безбедносен превид.
АЕК сега ги обвинува македонските власти – кога им одговара, кога не?
Две години подоцна, слична ситуација – но со обратни улоги. Овој пат, РК АЕК (ракометниот клуб) ја обвини македонската полиција за тоа што не им дозволила на нивните навивачи да допатуваат во Скопје за натпреварот против Алкалоид. Иако причините биле безбедносни, грчкиот клуб упати забелешки кон македонските институции – иронично, токму за истата мерка која нивните фудбалски колеги претходно ја бараа од грчките власти.
Ваквите двојни стандарди предизвикуваат сомнежи во доследноста на ставовите на АЕК како спортски колектив. Кога се работи за безбедност на домашен терен, бараат строги мерки. Кога тие се спроведуваат во странство – реагираат.
Останува да се добие финалната одлука според која, веројатно АЕК ќе добие суспензија.