Талат Џафери претседател на Собранието и кандидат за премиер на техничката влада рече дека неговата кандидатура за премиер на техничката влада е одлука на партиските органи според сите анализи, во гостување на телевизија 24 вести.

– Според тие анализи решиле според информациите едногласно, имајќи предвид дека и по функција и физички не сум бил во државата, одлучено е номинацијата да биде моето име. Нема случајност во нештата, секако дека се имало комуникација и размислување и лидерот на ДУИ направи консултации по однос на ова прашање. Добро би било да се имало повеќе имиња. Не ја и таа исклучувам и таа можност. Одлуката е таа на партиските органи. Законот за влада е едно, тоа е политички договор со формулација на политички договор во Пржинскиот процес. Сум укажувал дека има проблем формулацијата во законот во контест на Уставот. Договорот се применува за изборите 2016 и последователно сите избори без разлика дали се редовни или предвремени. Нема никаков проблем јас да бидам кандидат за премиер на техничката влада. Ако опозицијата реши да ја бојкотира техничката влада, тоа е нивна одлука и нема проблем таа да функционира. Кога ќе има потреба да се сретнам со Мицкоски, ќе се сретнам со него. Тој имал можност да биде во Собранието и ја користел за партиски активност и му било одобрено, иако не е пратеник во Собранието. Немам проблем да се сретнам со него и да комуницирам без разлика од која позиција сум. – рече Џафери.