Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација информираат од Владата.
Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, сти во членот 92 став 2 од Уставот.
– Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, се вели во соопштението.