– Ми претставува чест од свое име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да упатам искрени честитки по повод Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам над сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓу-граѓанска почит и хармонија. За жал, предизвикот со кој се соочуваме минатите години, придружен со сите тешкотии и болки што ги носи пандемијата на вирусот, се уште е надвиснат над нашите глави и јас, дозволете да го повторам тоа што го велам при секоја честитка до Вас, почитувани граѓани, празнувајте внимателно, почитувајте ги препорачаните протоколи од здравствените институции и бидете одговорни, кон себе, кон вашите блиски, кон Вашите сограѓани. Секако, сета благодарност и поддршка одат кон сите здравствени работници кои во ниту еден миг немаа одмор и со натчовечка посветеност се грижат за здравјето на сите нас, наведува Џафери.

Тој порачува, да најдеме сите во себе внатрешна сила и истрајност, да се прилагодиме кон оваа нова нормалност, олеснувајќи ги работата и животот на сите актери во општественото секојдневие.

– Сите вери не учат да негуваме позитивни вредности, а празниците ги нагласуваат нив уште повеќе, така што, духот и пораката на хуманоста и разбирањето на овој празник нека надвладее над сите Вас што празнувате, истакнува претседателот на Собранието, Талат Џафери.