Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја објасни процедурата вечерва за најавената седница за гласање на доверба на Влада.
Според Џафери, доколку не се изгласа недоверба на Влада, наредните 90 дена не може да има повторно гласање.
„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“, порача Џафери за ТВ21.