Поради чувството на одговорност кон граѓаните и тенденцијата за лажно информирање Претседателот на Собранието Талат Џафери одлучил денеска да свика прес-конференција и да појасни дека нема пркршување на деловникот за работа. Првиот парламентарец нема намера да им објаснува со оние кои ги знаат процедурите за работа, а сепак се обидуваат да креираат искривена слика во јавноста.
Опозицијата го обвнини дека има злоупотреба на деловникот за работа за време на седницата на 18 август, на која единствена точка на дневен ред беа уставните измени.
Според глава 5 од деловникот на Собранието во која се одредени надлежностите за свикување учество во работата, текот на седницата и се по ред кои се чекорите на една седница. Врз основа на тие постапки почната е седницата усвоен е дневниот ред со единствена точка на дневниот ред, отворен е претрес, одржан е претрес и завршен е претрес. Со констатација дека е завршен претресот и ја прекинувам седницата со образложение дека дополнително ќе бидат известени пратениците за продолжување на седницата – изјави Џафери.
Тој објасни дека оваа одлука ја донел согласно член 81 став 1 од деловникот за работа на Собранието.
Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата кога нема доволно пратеници за да гласаат за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Ова е текстот на член 81 став 1 врз основа на кој ја прекинв седницата. А во ставот 5 стои дека времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието, и никој друг. Тоа се дискрециони права според деловникот – изјави Џафери.
Според првиот парламетарец и од стенограмите се гледа дека по исцрпување на листата на пријавените за збор и дека го затвора претресот по точката од дневниот ред и ја прекинува седницата. Уште пред завршување на седницата имало најави од самите пратеници дека ќе има обвинувања за процедурите за водење на седниците.
Тие што обвинуваат за злоупотреби нека се преиспитаат сите тие кои до денес три години од овој мандат има незавршени седнци, бидејќи во пропишаните рокови не се оддржуваат седниците на комисииите за да може да продолжат седниците – рече Џафери.