„Следиме протокол, согласно протоколот на Комисијата за заразни болести, истото е случено еднаш и продолжуваме понатаму….“, посочи Никола Мицевски.

Претседателот на Собранието Џафери не пропушти да ги потсети пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за можни кривични пријави кои тие го побараа кога првиот пат во Собранието беа донесени пратениците на СДСМ кои беа позитивни на Ковид 19 во скафандери.

„Потврдете бројна состојба двајцата пратеници се горе и се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат“, посочи Талат Џафери.

Но целиот заплет настана кога се увиде дека Кастриот Реџепи од Беса не е присутен на седницата а со тоа падне и мнозинството на опозицијата. Собранискиот спикер стана од столчето и пред да биде започната седницата го повика Фадиљ Зендели како потпретседател да ја води седницата. Нема јас да бидам 61-от тука, им порача Џафери и излезе од салата.

„Го повикувам потпретседателот на Собранието да продолжи со седницата. Ве повикав да дојдете па ќе дадете процедурално, повелете. 10 минути пауза да дојде потпретседателот на Собранието. Ќе добиете процедурално од потпретседателот, никој ништо нема…. 10 минути пауза додека дојде потпретседателот. Имајќи предвид дека јас не сум поддржувач на иницијативата и нема да бидам 61-от тука“, додаде Џафери.

А сето натаму беше купување време за ВМРО-ДПМНЕ да се обидат нешто да направат да се дојде до мнозинство па преку процедурално, се бараа натаму паузи. На едно такво барање пауза и Димитар Апасиев од Левица побара Џафери да дојде на седница.

„Деловникот познава две ситуации а тоа е спреченост и отсуство на претседателот. Ние видовме дека претседателот Талат Џафери ниту е спречен ниту е отсутен односно тој е присутен во зградава, па согласно тоа барам еден час пауза да дојде претседателот и да продолжи да ја води оваа седница бидејќи не се исполнети деловничките услови тој да отсуствува од оваа седница“, посочи Димитар Апасиев.

Доколку до полноќ не се изгласа недоверба на Владата, седницата се смета дека е завршен. Владата останува, а за следна седница на која ќе се испитува довербата на Владата треба да поминат 90 дена.