Европскиот пратеник од Бугарија Ангел Џамбаски на својот ФБ пофил објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“.
Контроверзниот европретеник од партиајта ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познат по своите радикални ставови, вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза.
Бугарија вложува големи напори да конституира бугарско национално малцинство во Албанија. Со помош на притисокот врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис. Во исто време, според здруженијата и партиите на Македонците во Албанија, Софија спроведува интензивна кампања меѓу македонското население во Албанија, со делење литература, социјална помош, како и бугарски документи, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари.
На Косово живее значителен број Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои најверојатно се следна цел на бугарската пропаганда. Гораните, или Горанците живеат во областа Гора, која се простира во Косово, Албанија и дел во Македонија, и нивниот број се проценува на околу 60.000.