Македонија била и е бугарска. Северна Македонија е нешто друго, тука заслугата е на Тито, пишува на Фејсбук бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Одговарајќи му на претседателот Стево Пендаровски, тој вели дека со „забрани за влез во земјата нема да се избрише вистината“.

Пендаровски вчера за време на состанокот на Советот за безбедност преложил забрана за влез во државата на еден пратеник од Бугарија.

Напоменувајќи дека тој според неговите надлежности може само да предложи ваква мерка, рече дека предлогот за забрана на влезот во Македонија се однесувал на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и еден пратеник на земјата во Европскиот парламент. Иако не го спомена по име Ангел Џамбаски, претседателот во одговор на новинарско прашање не негираше дека се работи токму за бугарскиот европратеник, кој неодамна беше во Скопје на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева.