Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска на неговиот Фејсбук профил објави нова провокација кон Македонија.

Тој одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов објавувајќи провокативна порака.

Џамбаски рече дека „со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“. Тој и претходно македонските ги нарекуваше бугарски градови. Дури објавуваше и карти во кои Македонија и Бугарија се една држава.