Израеските власти соопштија дека откриле „подземна патека за тероризам“ во џамија во градот Џенин на северниот дел на Западниот Брег.

 

Тајмс оф Израел денеска објави фотографија на ИДФ на која наводно се гледа врата на подот од џамијата која била цел утрово. Подот околу вратата ги прикажува урнатините на зградата за која ИДФ вели дека борците на палестинската милитантна група Хамас ја користат како своја ќелија. Во заедничката изјава со Шин Бет – израелската безбедносна агенција – ИДФ соопшти дека таму се кријат палестински членови на терористичката организација и ја користат џамијата како база „за планирање и извршување напади“.

Бројот на загинати во израелскиот напад на џамијата во близина на бегалски камп во окупираниот град Џенин на Западниот Брег се искачи на три, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Папата Франциско повика на прекин на војната меѓу палестинското исламистичко движење Хамас и Израел и да се дозволи поголема хуманитарна помош да стигне до Појасот Газа. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел.