Два автомобила биле оштетени вчеравечер во скопската населба Чаир, кога врз нив паднал ѕид до кој биле паркирани, соопшти полицијата.
„На 11.10.2021 во 21,15 часот Б.И.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на ул.”Дижонска” оштетено било неговото патничко моторно возило “фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “форд” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје. Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил“, велат од МВР.
Полицајци од СВР Скопје излегле на местото на настанот, се додава во полициското соопштение.