Кина секогаш ќе биде добар пријател на тихоокеанските островски нации, без разлика на промените на меѓународната ситуација, се вели во писмената изјава на претседателот Си Џинпинг лиферувана воочи средбата на министрите за надворешни работи на Кина и на земјите од регионот на Пацификот.
Пекинг е подготвен да работи со островските држави на Тихиот Океан на изградба на „заедница со заедничка иднина“, се посочува во соопштението на шефот на кинеската држава.
Лондонски „Гардијан“ објави дека се очекува министрите на состанокот да разговараат за предложениот сеопфатен договор на Кина за целиот регион.
Договорот предвидува и воспоставување зона за слободна трговија со регионот и обезбедување хуманитарна и помош за борба против Ковид-19. Покрај тоа, Пекинг нуди многу поблиски безбедносни врски, вклучително и учество и поддршка преку полициска обука и мерки за подобрување на кибер-безбедноста.
Според договорот, Кина ќе добие и поотворен пристап до природните ресурси на регионот.