„Џенерал моторс“ ја планира најголемата инвестиција во својата историја – седум милијарди евра во нова фабрика во американската сојузна држава Мичиген.
Инвестицијата предвидува доопремување на веќе постоечки комплекс за производство на електрични комбиња и изградба на нова фабрика за батерии. Во тие рамки, компанијата ќе вложи 4 милијарди долари во надградба на постоечкиот погон близу Орион, Мичиген, и меѓу 1,5 и 2,5 милијарди долари за фабриката за батерии којашто ќе се гради со партнерство во Лансинг.
Плановите вклучуваат вработување 4.000 нови работници и задржување на оние 1.000 кои работат во друга фабрика северно од Детроит.