Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди убиството на украински цивили, по повлекувањето на руските војници од околината на Киев, јави ДПА.

„Нападите на Русија врз невините цивили во Ирпин и Буча се дополнителен доказ дека Путин и неговата војска вршат воени злосторства во Украина“, рече Џонсон.

Тој вети дека ќе стори се што е во негова моќ за да ја „огладне воената машина на Путин“.

Според него, Лондон ќе ги заостри санкциите против Москва и ќе ги зголеми испораките на оружје и хуманитарната помош за Украина.