Претставниците на Џонсон Мети ја презентираа програмата за општа пракса за различни одделенија во компанијата, како што се проекти, човечки ресурси, планирање и одржување. Исто така, тие презентираа и активна кампања наречена „Програма за практикантска работа со можности за понатамошно вработување во Џонсон Мети“ за сите студенти од инженерски и технички студии.
-Овој чекор го презедовме како решение за недостигот на квалификуван технички кадар во оваа област. Во овие тешки времиња, ова се многу критични улоги за вработување и затоа одлучуваме да ги создадеме. Преку настанот се поврзуваме со сегашните студенти, се претставивме пред нив, а тие научија за потребните квалификации за работа!, вели Александра Симоновска, задолжена за ангажман на нови вработени во компанијата.
БЕСТ го организира Саемот за вработување и кариера по 17-ти пат, каде Џонсон Мети е долгогодишен партнер.
-Џонсон Мети продолжува да биде активен подржувач на иднината на студентите од техничките факултети. БЕСТ Скопје оваа година по 17-ти пат го одржува Job Fair – Саемот за вработување и кариера, наменет за ефективно вмрежување на партнер – компаниите со студенти од техничките факултети. Меѓу нашите долгогодишни партнери е и Џонсон Мети – лидер во развивање на одржливи технологии. Горди сме да кажеме дека имаме успешна и долготрајна соработка со компанијата, објаснува Марија Кипријанова, претседател на БЕСТ Скопје.
Џонсон Мети Скопје како општествено одговорна компанија на секој начин ја поддржува заедницата и вложува во нејзин развој. Особено внимание Џонсон Мети Скопје вложува во развојот на нови млади стручни кадри и преку директен работен ангажман да се обезбеди развој на професионалните вештини на младите стручни кадри.