Неговата изјава, како што пишува „Reuters“, би можела дополнително да го вознемири Брисел, кој се заканува дека ќе го блокира извозот на вакцини.

– За успехот во вакцинацијата му се заблагодаруваме на капитализмот и алчноста, пријатели мои, ги пренесува „The Sun“ зборовите на премиерот.

Според истиот извор, Џонсон тоа го кажал во вторникот навечер на затворен видео состанок со пратениците на својата партија во парламентот.

Од големите земји, Британија се покажала како најуспешна во вакцинацијата, но Европската унија, која бавно напредува по тоа прашање и се соочува со трет бран на ковид-19, а се заканува дека ќе го забрани извозот на вакцини во Велика Британија.

„Даунинг стрит“ одби да ја коментира изјавата на Џонсон.

Според уредничката на „ВВС“, Лора Куенсберг, тоа е очигледно шега на сметка на еден од колегите на Џонсон, лидерот на ториевците во парламентот Марк Спенсер, кој лакомо јадел сендвич со сирење и кисела краставица кога зборувал премиерот.

Министерката за внатрешни работи Прити Пател, која не бил присутна на состанокот, смета дека премиерот зборувал за успехот на фармацевтските компании во создавањето вакцини за многу кратко време и на Велика Британија, која водеше во развојот на вакцините.