Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9,4 %, објави Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10,9 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3,5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2,2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1,2 %.
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во ноември 2025 година изнесувала 69.141 денар.
