20-годишнината на Хари Потер: Враќање во Хогвортс ќе ги претстави некои од најголемите ѕвезди од франшизата за Хари Потер, вклучувајќи ги Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон, во серија интервјуа и панели. Ќе се осврнат на франшизата и нејзиното наследство, откривајќи нови анегдоти и увиди зад сцената.
Меѓу другите, на собирот ќе се појават режисерот Крис Колумбус и актерите Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Алфред Енох, Метју Луис, Евана Линч и други.
-Поминавме низ неверојатно патување од премиерата на првиот филм и бевме сведоци како се претвори во импресивен универзум кој е, во најмала рака, магичен. Ретроспективен специјален чин ќе им оддаде почит на сите чии животи биле допрени од оваа култура- феномен , од талентираната актерска екипа за оваа филмска франшиза, до обожавателите кои го оживуваат светот на волшебниците дури и дваесет години подоцна, рече Том Ашејм, претседател на студиото „Ворнер Брос“, кое создава содржини за деца и млади.
Специјалното продолжение ќе има премиера на новогодишната ноќ – сабота, 1 јануари 2022 година, а досега е најавено дека ќе се емитува само на HBO Max.