Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе ги задржи непроменети клучните каматни стапки на денешниот состанок во Атина за првпат, бидејќи падот на инфлацијата во еврозоната не и остава друг избор, пренесе Франс прес.
Во септември, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки по дискусијата која остана напната до последен момент во позадина на проблематичната економија и падот на инфлацијата, потсетува БТА. Клучната депозитна стапка, која го мери кредитирањето во еврозоната, беше подигната на историски највисоко ниво од 4 отсто.
🇬🇷🇪🇺 Our Governing Council is in Athens for their annual external meeting.
They’ll be discussing how to bring inflation back to our 2% target in a timely manner. pic.twitter.com/GsyK0nYFuA
— European Central Bank (@ecb) October 25, 2023
Сепак, нема сомнеж дека високите личности од институцијата во Франкфурт овојпат ќе го задржат статус квото на каматната стапка, сметаат економистите.
Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард во септември одби да каже дали е достигнат врвот на оваа невидена траекторија за зголемување на каматните стапки, која започна во јули 2022 година. Сепак, таа навести дека циклусот е при крај. Нивото на каматните стапки е веќе такво што, „ако се задржат доволно долг период“, тие ќе придонесат „одлучно“ за враќање на инфлацијата „што е можно поскоро“ до целта од 2 проценти, рече Лагард во неодамнешното интервју