Центарот за управување со кризи информира за состојбата на пожарите

Денеска низ Македонија беа регистрирани девет пожари на отворен простор, а според последните информации од Центарот за управување со кризи, еден пожар е активен, два се под контрола, додека шест веќе се изгаснати.

Активен е пожарот во село Долгаец, Општина Долнени, каде гори мешана шума. Под контрола се наоѓаат пожарите во резерватот Јасен, Општина Македонски Брод, како и во село Опае, Општина Липково, каде гореше сува трева и стрниште.

Изгаснати се шест пожари: на улица 60, до железничката станица во Општина Куманово; на ѓубриште кај пругата во Општина Тетово; кај село Палатица, Општина Желино; во Радовиш каде гореше сува трева; во Општина Василево, кај село Пиперово каде гореше сува трева, трска и депонија; и во Општина Босилово, кај село Моноспитово, каде исто така гореше сува трева.

Противпожарните единици се активни на терен и постојано ја следат состојбата за целосно гаснење и спречување на понатамошно ширење на огнот.