Првични резултати во корист на ВМРО-ДПМНЕ

Еден час по завршувањето на гласањето на локалните избори, според првичните неофицијални податоци, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ бележи победа во првиот круг во 15 општини низ земјата.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица води со повеќе од 2000 гласови

Општини со сигурна победа

Партијата до овој момент води и освојува во првиот круг во следните општини: Штип, Охрид, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Сопиште, Лозово, Ново Село, Свети Николе, Босилово, Василево, Демир Хисар, Кавадарци, Градско и Зелениково.

Очекувања за над 40 победи

Според одредени прогнози конечниот број на победи во прв круг ќе надмине 40.