Еден починат и двајца повредени извлечени утрово од опожарен објект во Требеништа, пренесува Ohridnews.

„При самата интервенција во објектот во кој лицата живееле, извлечени се две со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. Причината за пожарот се уште не се знае“, информира за порталот командирот на Територијална противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски.

Во интервенцијата вклучени биле две возила на ТППЕ Охрид и пет пожарникари.