Според првичните информации едно лице е починато, други тројца се тешко повредени во сообраќјната несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште.
Според надлежните, до несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14 часот и 50 минути.
Во моментов на местото на настанот се крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за вадење на повредените лица од автомобилите.
Како што информираат од Автомото сојузот, во моментот затворен е патот меѓу селата Долни Балван и Крупиште и сообраќајот се одвива по другите алтернативни патишта.
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.