Утрово на социјалните мрежи се појави веста колку пари потрошил градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на јавните набавки.

Поконкретно, на јавната набавка за услуги, „одржување на јавни чешмички за пиење на вода на територија на општина Аеродром“, единична цена без ДДВ за „отворање вентили со ситни поправки“, Златко Марин потрошил 6.600 денари.

Продолжуваат високите цени и за другите јавни набавки. Една чешма за пиење вода била наплатена повеќе од 1000 евра, поточно 65.000 денари, додека едно копче за пристискање на чешма чинело 7000 денари.

Повеќе може да видите од објавата која во текот на денешниот ден е актуелна на социјалната мрежа Твитер.