Сингапур донесе одлука дека заразените, кои не се вакцинирани, ќе треба самите да си го плаќаат болничкото лечење. Во јавното здравство, лечењето од ковид-19 е бесплатно, додека пак во приватните установи има однапред одреден тарифник.
Сингапурските власти одлучија во болниците да остане место за оние кои ќе се заразат иако се вакцинирани, како и за оние кои поради медицински оправдани причини не можат да примат вакцина или не се опфатени со планот за вакцинација според возрасната група.
Сингапур засега има доста висока стапка на вакцинираност, од околѕ 85%, но сепак и понатаму има и доста нови случаи на зараза со коронавирус.