„Рисовите“ на „Борис Паишадзе“ стадионот излегоа со големи мотиви и ентузијазам и желба за триумф. Еден луциден потег и брза реакција на Горан Пандев донесе водство во 56. минута кое се покажа како доволно за победа од 1:0.

Токму 12 ноември 2020 година ќе биде запомнет како денот кога Македонија го избори првото учество на ЕП. Се надеваме дека ќе продолжи трендот и ќе ја видиме Македонија на уште некое големо натпреварување.

Еве, ни се отвори шанса да бркаме пласман на Мундијалот во Катар. Победата над Ерменија во Ереван и киксот на Романија против Исланд ни даде шанса во последното коло, со победа над Исланд да одиме во бараж па таму да го бараме мундијалскиот билет.