Според информациите до кои дојде 24ТВ, водата пробила и до сијаличните места, па поради опасност од хаварија, објектот е испразнет и затворен. И од Инфективна клиника и од Министерството за здравство ја потврдија информацијата дека минатата недела е затворена модуларната болница, каде имало 20 тина пациенти.

„Точно е дека прокапа од дождот, ја испразнивме, дезинфициравме внатре и сето тоа ќе се санира. Дел од пациентите се префрени на Инфективна клиника каде што имаше слободни места дел се на Институтот за ТВЦ“, изјави за 42 ТВ, д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.“ – вели д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Во модуларната болница има централен довод за кислород со што опасноста е поголема доколку водата дојде во допир со струјата.

„Во модуларната болница до Инфективната клиника нема сместено пациенти.Дваесетина пациенти кои биле сместени во неа се префрлени во самата болница и во ТБЦ за да не им пречат на активностите преземени за поправка на мал дел од кровот на модуларната болница.“ – велат од Министерството за здравство.

И покрај препораките на одредени лекари да се затворат монтажните објекти после пожарот во модуларната болница во Тетово, од Министерството за здравство тврдеа дека сите 19 монтажни болници се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Во пожарот во модуларната болница во Тетово, живи изгореа 14 пациенти.