Едно лице приведено: Запленети 4.100 пиротехнички средства

Е
Хроника 29.12.2023. 13:17

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Вчера во 16.00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода Ѓ.И.(56) од истото село. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.


Подкаст

Подкаст