Гувернерот на Публе, Мигел Барбоса, изјави дека 2.000 луѓе кои живеат во радиус од еден километар биле евакуирани пред експлозијата по итен повик до официјалните лица дека се чувствува мирис на гас во областа.
Официјални лица соопштија дека десетици куќи се уништени или оштетени во градот со 1,7 милиони жители.
Гувернерот рече дека спасувачките екипи со кучиња трагаат по можни жртви, иако нема извештаи за исчезнати лица.
Во слична експлозија што се случи во 2019 година во град северно од Мексико Сити загинаа 128 луѓе.