Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди (извршен директор во СВН) и Љубе Стаменковски (извршен директор во СВТ), а за членови да ги избере Илир Мемеди (извршен директор во СВН) и Милан Кораќ (извршен директор во СВТ). Ова во моментов го објавија неколку медиуми, иако до сега се уште нема официјално соопштение од Владата.

На денешната седница, на која како точка на дневен ред се најде состојбата во М-НАВ, не било предложено разрешување на членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари. Неофицијално, објаснувањето е дека Деари бил неодамна назначен на оваа позиција и дека не бил дел од проблемот во М-НАВ.