Европската Комисија уште еднаш го повика Советот на ЕУ да даде зелено светло за Софија, Букурешт и Загреб да станат полноправни членки на Шенген зоната, јави дописничката на МИА од Брисел.
Бугарија, Романија и Хрватска, последните земји што се зачленија во ЕУ, сѐ уште мораат да поминуваат низ гранични контроли кога патуваат во Шенген зоната.
Нова мисија на ЕУ отпатува во Бугарија и Романија за да ја провери состојбата и подготвеноста на овие две земји за Шенген, на покана на владите.
-Европската Комисија попладнево преку портпаролката за внатрешни работи, Анита Хопер, изјави дека “активно бара” Бугарија, Романија и Хрватска да бидат примени како членки на Шенген зоната затоа што ги исполнуваат сите критериуми, рече таа.
Крајно време е Советот да следи и да го преземе чекорот за пристапување во Шенген, изјави портпаролката.
Наодите на мисијата се доверливи и не се достапни за јавноста, рече таа, но ќе се разговара за исходот во наредниот период.