Европската Комисија предлага на Украина да ѝ биде доделен статус на кандидат за членство во Европската Унија.

Претседателката Урсула фон дер Лајен изјави дека Комисијата предлага „на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, на разбирање дека земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи“.

– Од гледна точка на Комисијата, Украина јасно ги покажа аспирацијата и решеноста да ги исполни европските стандарди, додаде Фон дер Лајен.

Според ДПА, ЕК предлага статус кандидат за во ЕУ и за Молдавија.

Украина аплицираше за членство откако Русија ја започна инвазијата врз земјата кон крајот на февруари. Потоа следуваа и барања за членство од Молдавија и Грузија.