Европската Комисија го поздрави пописот во Северна Македонија нарекувајќи го големо достигнување, јави дописничката на МИА од Брисел.
По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, за МИА изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година.
– Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани, изјави Писонеро за МИА.